Завршија 32 летни олимписки игри во Токио кои се одржуваа во изминатите 17 дена.
Со свечена церемонија на олимпискиот стадион беше спуштена завесата на првите игри кои се одвиваа во време на пандемија, а Јапонците иако загубија многу сепак се покажаа како одлични организатори.
Иако беа одложени, сепак се одржаа една година подоцна од предвиденото. Настапија над 11.000 спортисти од 206 држави, како и олимписки тим составен од бегалци.
На овие игри најуспешна нација стана САД тоа дури во последниот ден каде освоија 3 златни медали и од врвот ја симнаа Кина која 16 дена беше на врвот.
Американците освоија вкупно 113 медали од кои 39 златни, 41 сребро и 33 бронзи. На второ место е Кина со 88 медали (38 златни, 32 сребрени и 18 бронзи). Домаќинот Јапонија заврши како третопласиран со вкупно 58 медали.
На оваа Олимпијада учествуваше и Македонија која освои еден медал сребрен во теквондо во името на Дејан Георгиевски и го освои 77 место.
Следната 33 летна олимпијада е за три години, а домаќин ќе биде гравниот град на Франција, Париз.