По размената на дресови по натпреварот против Франција, Лука Модриќ остана на теренот да разговара со својот соиграч од Реал Мадрид, Карим Бензема.
Додека стоеше без маица, на грбот можеа да се забележат чудни кругови.
Highlight of this game is Benzema and Modric exchanging shirts and learning Modric is taking Hijama advices from Benzema 😂 pic.twitter.com/MyU7xE50qo
— Gina 🏆 (@Serginaoo) June 6, 2022
Тие се резултат или на „хиџам“ или „капинг“, како што се нарекува во западниот свет. Станува збор за метод кој го користеле старите Арапи и Кинези, а иако неговите придобивки не се научно потврдени, го користат се повеќе спортисти, вклучувајќи го и Бензема.
Оваа форма на алтернативна медицина прв јавно ја користеше пливачот Мајкл Фелпс.