(ФОТО) Оженет е, има љубовница, а ноќта ја помина со две србинки – На Вокер му годи престојот во Милано!

Loading

Англичанецот и играч на Милан, Кајл Вокер повторно е во центарот на вниманието на англиските медиуми!

Локалниот таблоид The ​​Sun објави неверојатна приказна за познатиот англиски фудбалер и две Србинки…..

Има сопруга, љубовница, шест деца и бројни афери на полето на љубовниот живот. Сето тоа стои зад имаето на фудбалерот Кајл Вокер.

Сите добро знаеме дека тој водел двоен живот со сопругата Ени Килнер и со љубовницата Лорин Годман. Од тие врски има дури шест наследници.

Па, сопругата Ани му простила се, па дури и го посетува во Милано, а тој…

Откако ги испрати сопругата и децата во Англија, Кајл реши да излезе на луда забава со две Србинки, пишува The Sun.

Овој англиски весник открива дека се работи за српските манекенки Маријана Видовиќ и Драгана Драча.

,,Маријана и Драгана ја поминаа вечерта со 34-годишниот фудбалер кој е на позајмица во Милан. Тоа се случило само 24 часа откако неговата сопруга Ани го посетила во Италија.

Наводно излезе и изјавата на Маријана дека е воодушевена од Кајл.

,,Кајл е прекрасно, шармантно момче кое е воодушевено од новиот живот во Милано – изјавила Маријана, а пренесува Сан.

Англиските медиуми тврдат дека Кајл не штедел трошок кога било во прашање излегувањето. Така тој платил 3.000 евра за самото сепаре, а девојките ги почестил со бројни пијалоци, меѓу кои текила за 2.000 евра и Дон Перињон од 1.500 евра.

Целата група остана да се забавува до 4 часот наутро, а Кајл ја напушти забавата малку пред сите останати.