Еден од најдобрите фудбалери во светот е вистински љубител на скапи и брзи автомобили.
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, со одличните игри што ги прикажува на фудбалските терени, си овозможи астрономска заработка, која знае да ја искористи на вистински начин.
Секој што ги следи неговите потези во фудбалот знае колку сака автомобили, па Роналдо често се фали со својот нов автомобил со погон на четири тркала на својот Инстаграм профил.
Досега има купено повеќе од 25 „ѕверови“. Ова се некои од автомобилите на најпознатите марки што Португалецот ги купил во изминатите години.
Ренџ Ровер Спорт
Порше 911
Шевролет Камаро
ЛАМБОРЏИНИ АВЕНТАДОР
Мерцедес С65 АМГ
Мерцедес АМГ ГЛЕ63
БУГАТИ БЕЈРОН
БУГАТИ ХИРОН
Роналдо сега го купи Bugatti „Centodieci“, автомобил кој е произведен само во 10 примероци во светот. До 100 километри на час стигнува за само 2,4 секунди, а до 200 километри на час за 6,1 секунда, максималната брзина е 380 километри на час. За него плати дури 9,5 милиони евра, објави британски Мирор!
Португалецот веќе поседува едно „бугати“, а го купи пред две години за неверојатни 16,5 милиони евра!