ФОТО: Михаел Шумахер доби неочекуван роденденски подарок во Сараево!?

Loading

Муралот е симболично насликан за 53-от роденден на Германецот, пишуваат медиумите во БиХ, а за него се одговорни уметниците од локалното здружение „Обоени клапа“.

Во декември 2013 година животот на легендарниот Формула 1 возач се преврте наопаку.

Муралот е со димензии 10х13 метри, а користени се бои кои го прочистуваат воздухот.

Зградата што ја избрале се наоѓа во населбата каде Шумахер ги посетил децата на Сараево на крајот на војната. Возачот потоа се фотографирал со нив и им дал играчки.

Шумахер двапати го посети Сараево како специјален амбасадор на УНЕСКО како дел од проектот за собирање пари за лекување на деца.