Магазинот „Франс Фудбал“, ги објави платите на селекторите за завршеното Евро 2024.
На врвот на листата е селекторот на Англија Герет Саутгејт со годишна плата од 5.800.000 евра. Инаку, Саутгејт најави дека ќе ја напутшти функцијата доколку Англија не ја освои титулата, но тоа не се случи.
Вториот на листата, селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, заработува дури 1.000.000 евра помалку, додека на третото место е Роберто Мартинез, кој седи на португалската клупа.
Селекторот на Грузија, Вили Сањол, кој со оваа репрезентација постигна историски резултат е последен на листата, со скромна плата од само 200.000 евра.
Ова се годишните плати на сите селектори на ЕУРО 2024:
1. Герет Саутгејт (Англија) – 5,8 милиони евра
2. Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,8 милиони евра
3. Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони евра
4. Дидие Дешамп (Франција) – 3,8 милиони евра
5. Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони евра
6. Лучано Спалети (Италија) – 3 милиони евра
7. Виченцо Монтела (Турција) – 1,8 милиони евра
8. Мурат Јакин (Швајцарија) – 1,6 милиони евра
9. Ралф Рангник (Австрија) – 1,5 милиони евра
10. Доменико Тедеско (Белгија) – 1,5 милиони евра
11. Златко Далиќ (Хрватска) – 1,5 милиони евра
12. Драган Стојковиќ (Србија) – 1,4 милиони евра
13. Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25 милиони евра
14. Сергеј Ребров (Украина) – 1,25 милиони евра
15. Каспер Хјулманд (Данска) – 1,15 милиони евра
16. Силвињо (Албанија) – 750.000 евра
17. Михал Пробиерц (Полска) – 560.000 евра
18. Стив Кларк (Шкотска) – 550.000 евра
19. Франческо Калцона (Словачка) – 540.000 евра
20. Марко Роси (Унгарија) – 300.000 евра
21. Матјаж Кек (Словенија) – 300.000 евра
22. Иван Хашек (Чешка) – 250.000 евра
23. Едвард Јорданеску (Романија) – 240.000 евра
24. Вили Сањол (Грузија) – 200.000 евра