(ФОТО) Клубови кои имаат најмногу играчи на ЕВРО 2024…..

Loading

На претстојното ЕП 2024 во Германија овие два клуба кои станаа оваа година шампиони на своите земји ќе имаат најмногу фудбалери.

Станува збор за Манчестер Сити и Интер кои на ЕВРО 2024 ќе играат за своите репрезентации со по 13 фудбалери.

Од англискиот првак Манчестер Сити на ЕВРО2024 ќе настапат Фил Фоден, Џон Стоунс, Кајл Вокер (Англија), Рубен Диас, Бернардо Силва, Матеус Нунес (Португалија), Кевин Де Брујн, Џереми Доку (Белгија), Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ (Хрватска), Родри (Шпанија), Мануел Аканџи (Швајцарија) и Нејтан Аке (Холандија).

Италијанскиот шампион Интер на ЕВРО2024 ќе го претставуваат Николо Барела, Алесандро Бастони, Федерико Димарко, Давиде Фратези, Матео Дармијан (Италија), Бенџамин Павард, Маркус Турам (Франција), Хакан Чалханоглу (Турција), Дензел Дамфрис, Стефан де Фреј (Холандија), Кристијан Аслани (Албанија), Јан Зомер (Швајцарија) и Марко Арнаутовиќ (Австрија).

На второ место со по 12 фудбалери се Реал Мадрид, ПСЖ и Барселона, Баерн Минхен и Лајпциг ќе имаат по 11, Арсенал и Баер Леверкузен 10 играчи, додека Ливерпул, Јувентус, Рома и Славија Прага по девет фудбалери.

Милан, Манчестер Јунајтед, Болоња и Волфсбург имаа по осум фудбалери на ЕП 2024, па следуваат….

ЕП 2024 започнува во петок на 14 јуни со мечот на домаќинот Германија и Шкотска.