(ВИДЕО+ФОТО) Гаражата на Нејмар е полна со врвни модели на автомобили – И поради нив убавиците се лепат за него!

Loading

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар е познат како голем фан на автомобили. Неговата гаража е полна со врвни модели. Има Ферари, Астон Мартин, Масерати и Ауди, но сега во гаражата ќе има прилично интересен автомобил.

Станува збор за електричен автомобил Next e.Go. Нејмар е амбасадор на оваа германска компанија и го претстави новиот модел e.wave X.

Новиот модел на автомобил потсетува на познатиот Smart. Долг е 3,34 метри, а батеријата се полни на секои 240 километри. Нејмар се потруди да го претстави овој болид.

Тој се пофали на социјалните мрежи, а неговиот нов миленик има иницијали „Н.Ј.

Нејмар на презентацијата се појави со најзгодната спортистка на светот, а тоа е германската атлетичарка Алис Шмит.

Елегантната црна јакна и капа на Нејмар одговараа на облеката на неговата спортска колешка. Елегантниот црн фустан на атлетичарката на 400 метри откри дел од нејзиниот стомак и имаше отворена нога.

Алиса Шмит, која работи со скратено работно време како модел, на своето стори на Инстаграм објави неколку интересни снимки од зад сцената од оваа промоција, вклучувајќи и селфи со Нејмар….

Погледнете ја неговата колекција на автомобили