(ФОТО) ,,Добредојде дома МВП ,, – Како Сомбор го пречека Никола Јокиќ!

Loading

Никола Јокиќ конечно е на свое. Иако е така и кога е на кошаркарскиот терен, МВП-то на НБА финалето најмногу ужива во својот Сомбор, а тоа на градскиот хиподром.

фото: Profimedia

Денеска Никола ќе присуствува на 22. трка за „Купот на градот Сомбор“, а младенчето од неговата штала „Dream Catcher“ ќе учествува на 69-тото Пробно српско тротинг дерби.

Сомборчани дадоа се од себе Јокиќ да се чувствува почестено на секој чекор.

Во градот се појави билборд со порака „Добредојдовте дома, МВП“ со слики од „Џокер“ во дресот на Денвер Нагетс, додека пред него галопираат коњи, а во позадина е највисоката зграда во градот.