(ФОТО) Бекер по трет пат се ожени – Еве која е невестата што е 23 години помлада од него!

Loading

Борис Бекер (56), поранешниот тениски ас и екс тренер на Новак Џоковиќ, се ожени по трет пат.

Славниот Германец ја однел 23 години помладата Лилијане де Карваљо Монтеиро кај матичар. Така двајцата ја крунисаа повеќегодишната врска.

Новата г-ѓа Бекер е по потекло од африканскиот остров Сео Томе и Принципе. Има три универзитетски дипломи и зборува пет светски јазици.

Потекнува од угледно и богато семејство. Нејзиниот татко беше министер за одбрана на државата Сео Томе и Принципе, исто така претседателски кандидат во 2014 година.

Иако ги има сите услови за тоа, Лилијан не се експонира премногу во јавноста и за неа не се знае ништо повеќе од основни информации. Таа нема социјална мрежа, а и кога ќе се појави на некој јавен настан најчесто е рака под рака со Борис.

Она што го забележаа модните аналитичари е дека на неколкуте фотографии кои можат да се видат таа најмногу носи класичен стил на кој доминира белата и црната боја.

Двојката моментално живее во Милано, каде што се преселиле од Англија, каде Бекер беше затворен поради банкрот. Бекер ја запроси Лилијан во катедралата во Милано во 2021 година.

Пред Лилијан, Борис беше во брак со Барбара осум години, од 1993 до 2001 година. Вториот брак траеше една година подолго, а тој и Лили беа заедно девет години до 2018 година.