(Фото) Арнолд покрај него е како џуџе – ,,Терминатор,, се дружеше со најсилниот човек на светот!

Loading

Арнолд Шварценегер во Охајо се сретна со најсилниот човек на светот Том Столтман (27) и неговиот брат Лук (37) на „Арнолд спортскиот фестивал“.

Ѕвездата на „Терминатор“ и поранешен гувернер на Калифорнија (74) ги покани Том и Лука да се натпреваруваат на Арнолд Класик, најсилното натпреварување.

И покрај светската титула, Том Столтман заврши само на седмото место, но вети дека ќе се врати („Ќе се вратам“) за да го надомести тоа.

Сепак, тој освои награда од 5.300 фунти, додека неговиот брат Лук си замина дома со 15.000 фунти за освоеното трето место откако крена 213 килограми.

– Се случи нешто големо! Толку долго сакав да го запознаам Арнолд! Знаев дека ќе треба да работам напорно за да стигнам до првите пет во ова натпреварување. Се борев напорно.

Том само неколку дена пред пристигнувањето во САД ја освои титулата најсилен човек во Британија, а минатата година ја освои титулата светски првак.

Многумина веднаш забележаа дека Шварценегер заедно со Том Столтман изгледа дури и минијатурно, а сите знаеме дека Австриецот е вистински моќник, што го покажа тоа и на својот последен роденден.

Официјално, Столтман е висок 203 сантиметри, а Шварци 188 сантиметри, но се чини дека „Конан“ со годините се намалил …