Финалето во ЛШ во Милано ќе го суди англичанецот Марк Клатенбург!

Loading

Англичанецот Марк Клатенбург ќе го суди финалето во Лигата на шампионите помеѓу мадридските ривали Реал и Атлетико, соопшти УЕФА.

mark uefa

Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 28.мај во Милано на стадионот Сан Сиро.

Клатенбург, оваа сезона ја делеше правдата на 6 натпревари во Лигата на шампионите, на Атлетико му судел два, а на Реал еден натпревар.

41-годишен Англичанец, в недела, ќе биде главен судија на финалниот меч во ФА купот, помеѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.

Финалето пак во Лига Европа, кое се игра на 18.мај во Базел помеѓу Ливерпул и Севилја, УЕФА одлучи да го суди Швеѓанецот Јонас Ериксон.