ФИФА ја објави најновата ранг листа на која фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок на истата.
Според светската куќа на фудбалот, Македонија забележа скок од три места и моментално се наоѓа на 62 позиција на ФИФА листата.
Напредувањето се должи откако минатата недела ,,рисовите,, одиграа три натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022. Македонија забележа две победи, против Лихтенштајн и Германија, а бевме минимално поразени од Романија со 3-2.
Во нашата група за пласман на СП, Германија има најдобaр рејтинг, 12. место. Романија падна за 6 позиции, сега е на 43. место, Исланд е на 52, а Ерменија, која победи на трите квалификациски натпревари, напредуваше 9 места и сега е 90-та светска репрезентација. На 186. место е Лихтенштајн.
Во топ-10 има мала промена, Италија е седма откако ги скокна Аргентина и Уругвај. Лидер е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија, а на 10-тото место се наоѓа Данска.