Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер наскоро ќе стане петтиот спортист во историјата со заработка од 1.000.000.000 долари!
Федерер ќе ја надмине магичната граница до крајот на годината и ќе им се придружи на Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Флојд Мејведер и Кристијано Роналдо.
Заработката во кариерата на Швајцарецот во моментов е над 900 милиони долари.
Федерер во кариерата заработи околу 130 милиони долари од турнири, а доби огромна сума пари како заштитно лице на бројни светски брендови.
Роџер е заштитно лице на 13 врвни брендови. Тој добива 15 милиони долари годишно од Ролекс, околу 40 милиони долари од Мерцедес и Барила, а тука се и Моет, Линдт, Кредит Свис …
Федерер е заштитно лице на Најк од 2008 година и добиваше 12 милиони долари годишно од тој договор. Кога неговиот договор истече во 2018 година, јапонската компанија Уникло му даде понуда што не се одбива – 10-годишен договор вреден неверојатни 300.000.000 американски долари.
Интересно, Новак Џоковиќ собра повеќе од Швајцарецот од турнири, околу 150 милиони долари, но неговата вкупна заработка е далеку помала од онаа на Федерер.
Швајцарецот е едноставно омилен кај спонзорите …
Кога магазинот Форбс објави список на најплатени спортисти во 2020 година, тоа беше првпат тенисер да се најде на врвот. Секако тоа беше Роџер Федерер.
Швајцарецот заработи неверојатни 106,3 милиони долари за една година.
Федерер најголем дел од својата заработка, дури 100 милиони, доби од реклами, ТВ права и слично, додека останатите 6,3 милиони беа заработени од турнири.
Новак Џоковиќ пак беше на 23-тото место на најплатените спортисти со заработка од 44,6 милиони долари.