Ракометниот клуб Вардар со пораз ги започна подготовките за новата ракометна сезона.
Европскиот шампион се наоѓа во Германија, а во првиот од трите контролни средби запиша пораз. Црвено-црните загубија од Бергишер со 25-27, полувреме 17-14.
Тренерот Раул Гонзалез шанса им даде на сите 20 ракометари, а во второто полувреме повеќе време на голот минал Даниел Ѓорѓески. Тимур Дибиров беше најефикасен со 8, Борозан постигнал 5, а Карачиќ беше стрелец на 3 гола.
Денеска РК Вардар го очекува нов дуел каде ќе ги одмерат силите со германскиот шампион Рајн Некар Левен.
На овој ЛИНК може да го следите мечот ВАРДАР – РАЈН НЕКАР ЛЕВЕН…