Експлозија на релито Дакар 2022 – На славната трка се случи терористички напад?!

Loading

Француското обвинителство денеска соопшти дека е покрената истрага за тероризам откако во Саудиска Арабија експлодираше едно од возилата кои учествуваа на релито „Париз-Дакар“, при што беше повреден еден од натпреварувачите.

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила на 30 декември во саудискиот град Џеди.

Во возилото во моментот на експлозијата имало пет француски државјани.

Францускиот портал „Франс инфо“ пишува дека експлозијата го погодила возилото за поддршка што го користела екипата на „Содикарс“ од Франција.

Директорот на трката Дејвид Кастера изјави дека експлозијата одекнала кога возилото го напуштило хотелот кон почетната точка на трката, а организаторите веруваат дека ова е обид за терористички напад.

Познатото рели Дакар, кое се вози од 1979 година, поради безбедноста на учесниците мораше неколку пати да ја менува рутата.

Првично се возеше на релација Париз-Дакар, потоа меѓу 2009 и 2019 година патеката беше во Јужна Америка, а од пред две години натпреварувачите се тркаат низ Саудиска Арабија.

Очигледно и таму не е доволно безбедно …