Дали знаете зошто има ананас на врвот од вимблдонскиот пехар?

Loading

Сегашна копија на пехарот за прв пат беше доделена на десет годишнината на Вимблдон во 1887 година.

фото: Getty Images

Оригиналниот трофеј е стар 135 години и се чува во музејот Ол Ингланд клуб. Победникот на Вимблдон добива реплика со големина од три четвртини од оригиналниот трофеј.

Ананасот бил симбол на најбогатите во 19 век

Многумина долго време се прашуваа зошто на самиот врв на трофејот на Вимблдон има ананас. Познато е дека јагодите се еден од симболите на Вимблдон.

Ананасот нема никаква врска со Англија и е роден во Јужна Америка, а кон крајот на 19 век беше оскуден и беше привилегија на најбогатите.

Тука лежи одговорот зошто има ананас на врвот на трофејот.

фото: Twitter/WimbledonMuseum

Ананасот тогаш имаше статус на ексклузивно овошје, кое во тоа време беше само на трпезата на некои кралски семејства или на вечери од високото општество.

Кога се играше првиот Вимблдон во 1877 година, ананасот беше симбол на богатство и влијание во Британија.

Многумина потоа ги украсуваа портите на своите куќи со ананас, а тој се сметаше за идеална декорација за врвот на најпрестижниот тениски трофеј во светот.