Времето ќе покаже каков тим изгради Жељко Обрадовиќ оваа сезона, а едно засилување е исклучително високо оценето од стручната кошаркарска јавност.
Имено, специјализираниот кошаркарски сајт „Баскетњуз“ направи анкета во која беа вклучени сите генерални менаџери на екипите од Евролигата.
Тие гласаа кои се најдобрите засилувања во Евролигата за новата сезона 2024/25. Дури 53,8% велат дека тоа е Саша Везенков, а на второ место е Карлик Џонс од Партизан.
На прашањето кое засилување е најкреативно, генералните менаџери на тимовите на прво место го ставија Бобан Марјановиќ (Фенербахче), на второ Ненад Димитријевиќ (Олимпија Милано), а на трето Карлик Џонс (Партизан).