Абрамович одби 2,5 милијарди евра, но сега пак го продава Челзи – Кој ќе го сруши рекордот?!

Loading

Роман Абрамович би можел да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина, но сега од Островот пристигнуваат вести дека под притисок би можел да попушти и да го продаде Челзи!

фото: PROFIMEDIA

По долгогодишно успешно раководење со клубот, тој би можел да биде принуден да се повлече од клубот поради неговите врски со претседателот на Русија, Владимир Путин.

За тоа неодамна беше прашан и Томас Тухел, но сега британски „Телеграф“ носи информација дека Абрамовиќ е навистина подготвен за првпат да преговара за продажба на „Плавите“.

Блиску е до одлуката да го препушти некому водењето на клубот, но по огромна цена. Веќе има тројца заинтересирани купувачи, но Абрамовиќ во минатото одби понуди вредни 2,5 милијарди евра, па секој што сака да го купи клубот ќе мора да плати неверојатна сума.

Медиумите и јавноста во Британија го нападнаа Абрамович поради неговите врски со Владимир Путин, а дури и убавата ќерка на Роман јавно се изјасни против претседателот на Русија и војната во Украина.