Јадранската АБА лига е пред згаснување, а според последните информации нема да се играат ниту полуфиналните серии, ниту финалето од тековната сезона.
На состанокот на претседателството кој се одржал вчера, во Белград, Црвена ѕвезда побарала од сите тимови писмено да се изјаснат дали се за Евролигата или за ФИБА.
Исто така плејофот во АБА лигата е неизвесен бидејќи е сигурно дека АБА нема да има два преставника во Евролигата и три во Еврокупот.
Конкретен договор не бил постигнат, а според неименувани извори кошаркарските сојузи на Хрватска и Словенија веќе донеле одлука од следната сезона нивните тимови да не настапуваат во АБА лигата.
Тоа значи дека во секоја од шестте држави ќе се играат само националните првенства.
Па така останува на следниот состанок на тимовите кој треба да се одржи на 1.март, да се одлучува за судбината и иднината на АБА лигата.