За сума од 200 милиони фунти американци го купија премиерлигашот Евертон!

Loading

За сума од 200 милиони фунти денеска беше продаден англискиот премиерлигаш од Ливерпул, Евертон.

everton

Станува збор за американски конзорциум која ја предводат Џон Џеј Мур, поранешен сопственик на бејзбол тимот Сан Диего и Чарлс Ноел.

Преговорите траеја неколку месеци со првиот човек на Евертон, Бил Кенрајт. Мур и Ноел, првично покажувале интерес за Свонси, но на крајот сепак се решиле за евертон.

Кенрајт се наоѓа на чело на клубот од 1999 година, кога стана сопственик за ’само’ 20 милиони фунти.

Тој изјавил дека е подготвен да го препушти тимот на луѓе кои ќе инвестираат во него, особено со реконструкцијата на стадионот „Гудисон парк“.

Фудбалерите на Евертон, по 25 одиграни натпревари се наоѓаат на осмото место со 35 освоени бода.