Видео: Ривер Плата избори финале на Светското клубско првенство во Јапонија

Loading

Фудбалерите на Ривер Плата, се пласираа во финалето на Светското клубско првенство, што се одржува во Јапонија.

OSAKA, JAPAN - DECEMBER 16:  Players of River Plate celebrate after teams first goal during the FIFA Club World Cup semi final match between Sanfrecce Hiroshima and River Plate at Osaka Nagai Stadium on December 16, 2015 in Osaka, Japan.  (Photo by Atsushi Tomura/Getty Images)

Тие во полуфиналето многу потешко од очекувањата ја оправдаа фаворитската улога на првиот полуфинален дуел, а отпорот на јапонскиот тим го скрши само благодарение на големата грешка која ја направи голманот Хајаши.

Клучниот момент се случи во 72-та минута, кога Аларио ја искористи големата грешка на голманот на Хирошима, Хајаши, и со глава ја погоди празната мрежа за конечни 1-0.

Вториот полуфинален натпревар ќе се одигра утре, а ќе играат Барселона и Гвангжу Евергранде.

15.000 фанови од Аргентина пристигнаа во Јапонија и ја очекуваат Барселона во финалето, која треба да стигне доколку победи во полуфиналето.

Натпреварот се игра утре во 11 часот и 30 минути.