Видео: Превц стигна до рекордни 14 победи во една сезона… Ја освои и Планица!

Loading

Словенецот Петер Превц ја потврди доминацијата во ски скоковите, откако победи на домашен терен, на Планица.

Ski Jumping World Cup in Planica

Превц, ја има најуспешната сезона во историјата на ски скоковите, до победата на Планица стигна со скоковите од 223 и 232,5 метри, кои му донесоа 426,5 поени.

Превц на 24-годишна возраст успеа да соброри два рекорди: ја оствари рекордната 14-та победа во една сезона, а дури 20 пати успеал да биде меѓу првите тројца.

Младиот Словенец, зад себе ги остави Јохан Андре Форфган од Норвешка, кој во двете серии скокна по 226 метри и сонародникот Роберт Крањец кој во втората серија го оставри најдолгиот лет на денот од 241,5 метри, додека во првата серија скокна 223 метри.

Настапот во Планица вечно ќе го памети и легендарниот Јапонец, Нориаки Касаи кој по 500-ти пат во кариерата учествуваше на натпревар во Светскиот куп.

Превц од поодамна ја осигура титула во ски скоковите и го освои големиот кристален глобус.