9 натпревари се одиграа во НБА лигата.
Најголемото изненадување го приреди Портланд кои ја победија Оклахома со 115-110.
Предводник во победата на Портланд беше Дамиен Лилард со 31 поен, но сепак клучна беше последната четвртина кога тимската игра на домашните пресуди за конечен триумф.
Леброн Џејмс беше најзаслужен за победата на Кливленд над Филаделфија со 95-85.
„Кралот“ беше блиску до „трипл-дабл“ ефект, а заврши со 37 поени, 9 асистенции и 7 скока.
Њујорк Никс лесно стигна до победа против Милвоки со 100-88, а Кармело Ентони покрај 24 поени имаше и 10 скока и 8 асистенции.
Возбудливо беше во Калифорнија и Тексас каде домаќините славеа по продолженијата, а пак Мемфис со голем кам бек, поточно по негатива од 21 разлика успеа да се врати и да слави над Бостон со 101-98.
За вечерва предвидени се само 3 средби.