Само по 4 месеци на клупата на Валенсија, тренерот Гери Невил доби отказ.
Клубот соопшти дека до завршувањето на сезоната тимот ќе го предводи Пако Ајестаран.
Невил на клупата на Валенсија седна на 2. декември минатата година и на првите 9 натпревари не успеа да забележи победа, а ги заврши со натпреварите во Купот на Кралот и Лига Европа.
Валенсија во Примера нема победа на последните три натпревара и во моментов се наоѓа на 14-то место на табелата, со само 6 бодови повеќе од опасната зона.
„Ја анализиравме ситуацијата во која се наоѓа клубот и решивме во интерес на Валенсија да направиме промена“, стои во клупското соопштение.
Гери Невил е играчка легенда на Манчестер Јунајтед, а Валенсија му беше прва самостојна тренерска работа.