Реми на Вардар и Веспрем во СЕХА лигата, 30-30 во СЦ Јане Сандански!

Loading

Ракометарите на Вардар и Веспрем одиграа реми 30:30, во СЕХА лигата.

var-ves

Натпреварот во „Јане Сандански“ немаше никакво резултатско значење, бидејќи од претходно беше познато дека на крајот од регуларниот дел на сезоната Веспрем ќе биде прв, а Вардар втор.

Па така и двата тима играа без никаков притисок, а и двајцата тренери не сакаа да ги откријат сите карти, со оглед на тоа дека е можно соочување на овие два тима во финалето на СЕХА лигата и во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Веспрем малку подобро влезе во мечот, но до крајот на полувремето Вардар возврати речиси со иста мерка за предност 13:12.

Почетокот на второто полувреме им припадна повторно на Унгарците, за 8 минути игра со серијата од 1:5 им донесе предност 14:17.  Вардар успеа да израмни на 19:19 во 41-та минута.

До крајот на мечот се водеше голема борба, која во последните 20 секунди можеше да ја реши Илиќ за Веспрем, кога погоди за 29:30, но Брумен на четири секунди до крајот погоди за 30:30.

vardar-kjelce

Циндриќ и Дибиров постигнаа по 6 голови за Вардар, Шишкарев погоди 4 пати, а по 3 гола реализираа Шпанците Македа и Душебаев. Веспрем го предводеа Илиќ со 10 гола и голманот Миклер со 13 интервенции.

 

фото – рквардар.мк