ФИФА му врачи отказ на генералниот секретар, Жером Валке.
55 годишниот французин скоро 10 години беше десна рака на Сеп Блатер, а се товари за злоупотреба на функцијата и од септември минатата година беше суспендиран од етичкиот комитет на ФИФА.
Минатата недела и официјално беше стартуван случајот против Валке за кој се сомневаат дека прекршил шест точки од етичкиот кодекс на ФИФА вклучувајќи и употреба на доверливи информации и судир на интереси.
Исто така за претседателите на ФИФА и УЕФА се бара и доживотна суспензија за слично прекршување и злоупотреба на функцијата.