Њукасл и официјално го отпушти менаџерот Стив Мекларен, поради лошите резултати кои клубот го сместија на претпосленото место во Англиската премиерлига.
Стив Мекларен функцијата ја презеде во јуни 2015 година, а во неговиот мандат клубот вложи околу 80 милиони фунти во засилувања, но Њукасл на 28 натпревари во Премиерлигата има само 6 победи, исто толку нерешени средби и 16 порази.
Во Англија остануваат уште 10 кола, а се наоѓа на претпоследното место со 24 бодови, со бод помалку од најголемиот ривал Сандерленд, кој се наоѓа во безбедната зона.
Мекларен во кариерата бил тренер уште и на Мидлсброу, Твенте, Волфсбург, Нотингем Форест, КПР и Дерби Каунти.
Веќе се знае и името на новиот менаџер, станува збор за Рафа Бенитез кој пред два месеца доби отказ во Реал Мадрид, а раководството на Њукасл му понудил годишна плата од 5,1 милиони фунти, колку што заработуваше во Реал Мадрид.
Дали Бенитез ќе го спаси Њукасл од испаѓање во понизок ранг на натпреварување останува да видиме до крајот на сезоната.