Американската тенисерка и број 1 во женскиот тенис Серена Вилијамс има големи здравствени проблеми.
Серена, последниот меч го одигра во финалето на Австралија Опен, каде загуби од Германката Анџелика Кербер со 4:6, 6:3, 4:6 и поради болест го откажа настапот на турнирот во Дубаи, а потоа од истата причина го откажа и турнирот во Доха.
Американката неколку недели има висока температура, а засега нема информации колку е сериозна ситуацијата и кога ќе се врати на теренот.
Серена и претходно имаше проблеми со здравјето и пред 5 години кога и беше дијагностицирана емболија на градите, а нејзиниот живот беше во опаснот.