НБА:Г.Стејт ги доби и ракетите, Спарси славеа во Мајами, Јута ги реши Далас!

Loading

Само 5 натпревари се одиграа во НБА лигата.

nba-logo

Голден Стејт ја запиша 42-та победа по ред на домашен терен. Шутерска пресметка имаа Стеф Кари и Џејмс Харден, а победата им припадна на домашните со 123-110.

Хјустон го забележа осмиот пораз по ред во дуелите со Голден Стејт. Кари даде 35 поени, додека Харден имаше учинок од 37 поени.

Сан Антонио победи во Мајами со 119:101, а Хасан Вајтсајд пред време го заврши мечот, откако намерно го удри противничкиот центар Бобан Марјановиќ со лакт.

Олдриџ со 28 и Ленард со 23 поени ги предводеа Спарси, а Марјановиќ имаше 11 поени и 6 скока. Кај Мајами Двејн Вејд даде со 20 поени и му фалат уште 252 поени за да стигне до бројката од 20.000 поени во кариерата, што досега им успеало на 40 кошаркари.

Јута го победи Далас со звукот на сирената со 121:119, откако Хејвурд, во последните секунди од продолжението постигна тројка за победа.

Худ мечот го заврши со 29, а Хејворд со 20 поени. Кај Далас најефикасни беа Парсонс со 24 и Дерон Вилијамс со 23 поени.

Њујорк, со новиот тренер Курт Рембис, загуби од Вашингтон минимално со 108:111. Кај Вашингтон Џон Вол даде 28 поени и 17 асистенции, а одличен меч одигра и Бредли Бил кој постигна 26 поени. Њујорк го предводеше Кармело Ентони со 33 поени и 13 скокови.

Мидлтон ги погоди слободните фрлања на 0,6 секунди до крајот на мечот со Бостон, со кои му ја донесе победата на Милвоки од 112:111 со што ја прекина серијата од пет порази, додека Бостон го забележа првиот пораз по серијата од четири победи по ред. Грег Монро со 29 поени и 12 скокови, а уште четворица играчи постигнаа двоцифрен број на поени кај елените.

За вечерва предвидени се 12 средби.