Ракометната репрезентација на Македонија ќе биде ослабена што се однесува до стручниот штаб во продолжението од Европското првенство во Полска.
Според договорот со француски Шамбери каде работат двајцата, Ивица Обрван ќе остане без помошта на Данило Брестовац, кој ќе мора да се врати во Франција и да ги започне подготовките со тимот.
Шамбери ги започнува своите тренинзи, а Обрван и Брестовац се обиделе да издејствуваат промени на договорот, но едноставно не можеле да пронајдат адекватна личност која би го водела клубот до завршувањето на Европското првенство, поради што Брестовац мораше да се врати и да ги започне подготовките на француската екипа.
Дали Македонија ќе ангажира дополнително некој друг асистент да го замени Брестовац на клупата покрај Обрван останува да видиме.