ЛЕ: Англичаните разочараа, германците и шпанците сигурни во првите средби од 1/16 финалето

Loading

Во фудбалската Лига на Европа се одиграа петнаесет натпревари од првата нокаут рунда, односно шеснаесетина финалето.

evropa1

До најубедливата победа стигна тимот на Валенсија која со 6:0 го совлада Рапид. Добар и успешен настап имаше и бранителот на титулата Севиља која оствари три гола предост во дуелот со Молде, а со два гола предност во реванш натпреварот против Порто ќе патува и Борусија Дортминд.

Англиските клубови повторно разочараа на гостувањата ниту еден тим не оствари победа. Манчестер Јунајтед ги разочараа своите фанови, откако во првиот натпревар загубија од Митјиланд со 2:1.

Митјиланд, кој од клупата го предводи еден од омилените играчи на навивачите на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, со пресврт славеше над ‘црвените ѓаволи’. Депај погоди за Јунајтед во 37.минута, седум минути подоцна израмни Систо, а триумф на Митјиланд му донесе Онуаху во 77.минута.

Ливерпул и Тотенхем одиграа реми средби со Аугсбург 0-0 односно Фиорентина 1-1.

Во прватите натпревари од шеснаесетфиналето во Лига Европа сигурни победи забележаа Сент Етиен, Виљареал, Спарта Прага и Андерлехт, без победник завршија натпреварите Шахтјор-Шалке, Галатасарај-Лацио, а значајни гостински победи остварија Атлетик Билбао, Брага и Баер Леверкузен.

Реванш дуелите се играат на 25 февруари, а ден подоцна ќе се одржи и ждрепката за осминафиналето.

ИНСЕРТИ од најинтересните средби…

МИТЈИЛАНД – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 2-1

ВАЛЕНСИЈА – РАПИД ВИЕНА 6-0

ФИОРЕНТИНА – ТОТЕНХЕМ 1-1

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПОРТО 2-0