Квортербекот на шампионот Денвер, Пејтон Менинг замина во пензија!

Loading

Квортербекот на Денвер, Пејтон Менинг, го предводеше тимот до титулата во НФЛ лигата и стана првиот на таа позиција кој Супер Боулот го освоил со две различни екипи.

March 20 2012; Englewood, CO, USA; Denver Broncos Peyton Manning (18) speaks during a press conference at Broncos headquarters. Mandatory Credit: Ron Chenoy-USA TODAY Sports

Тој како што и се очекуваше објави крај на кариерата, а 39 годишниот Менинг одлуката им ја соопштил на клупските челници.

Менинг во кариерата освоил две титули во НФЛ лигата, во 2007 со Индијана Колтс и во 2016 со Денвер Бронкос, а НФЛ лигата влезе во 1998 година како прв пик на драфтот избран од страна на Индијана.

Со овој тим за 13 сезони освоил 8 титули во дивизијата, 2 АФЦ титули и 1 Супер Боул.

payton1

По тешката повреда во 2002 година се сели во Денвер, со кој во 2014 година загуби во финалето од Сиетл, но две години подоцна иако аутсајдер Денвер го освои Супер Боул победувајќи го тимот на Каролина Пантерс.

Во текот кариерата Пејтон освоил многу награди и поставил неколку рекорди. Рекордни 5 пати е избиран за најдобар играч во НФЛ лигата, беше МВП на финалето во 2007 година, а дури 13 пати е именуван во Pro Bowl тимот.

payton3

Рекордер е по бројот на додавања за тачдаун (539) и по бројот на освоени јарди (71.940), а остварил најмногу додавања за тачдаун во една сезона 55 и фрлил најмногу јарди во една сезона 5.477.