Кошаркарската Евролига спрема тужба за ФИБА и ФИБА Европа!

Loading

По се изгледа дека војната помеѓу двете кошаркарски организации Евролигата и ФИБА и понатаму продолжува.

fiba

Минатата пролет ФИБА најави дека ќе организира мулти-милионски проект во кој ќе партиципираат најдобрите европски клубови, налик на фудбалската Лига на шампиони, препукувањата на релација Евролига-ФИБА зачестија во последниот период, по што од седиштето на Евролигата најавија дека правдата ќе ја бараат пред судовите.

Кошаркарската Евролига објави на својот веб портал дека поднела тужба против ФИБА и ФИБА Европа поради, нелегални мерки кои овие организации ги преземаат за да ги одвратат клубовите од учество во елитното кошаркарско натпреварување.

ФИБА се обиде преку закани за санкции да придобие дел од членките на Евролига, а во последниот период и успеа во тоа бидејќи Франција и Турција и ја дадоа поддршката.

euroleague1

Во соопштението се вели дека „Евролигата поднесе тужба пред Европската комисија против ФИБА и ФИБА Европа поради притисоци кои овие организации ги извршија на дел од клубовите со цел тие да ги напуштат натпреварувањата чиј дел се од 2000 година.

,,Очекуваме на клубовите, играчите и судиите да им биде гарантирано правото на слободен избор.

,,ФИБА ги крши законите на Европската Унија и се обидува да стекне предност на пазарот повикувајќи се на своите правилници иако тие не важат за клубовите за кои станува збор”, стои во соопштението на Евролигата.

Останува да видиме како расплет ќе имаат овие случувања во европската кошарка и дали конечно ќе се решат овие несогласувања во европската и светската кошарка.