9 натпревари се одиграа во НБА лигата.
Голден Стејт со победа над Њу Орлеанс од 125-107 стигна до 60-тата победа во сезоната, а Стеф Кари, на својот 28-ми роденден постигна 27 поени, 5 скокови и 5 асистенции.
Јута Џез го изненади лидерот во Источната конференција, Кливленд со 94:85 благодарение на серијата 16:2 во последната четвртина.
Тери Лејс постигна 10 од своите 12 поени, додека најефикасен кај Јута беше Родни Худ со 28 кошеви. Кливленд и по овој пораз остана лидер на Истокот, но сега има само една победа повеќе од Торонто кој беше поразен од Чикаго со 107:109. Мекдермот го предводеше Чикаго, со 29 поени.
Хјустон го декласираше Мемфис, со 49 поени разлика 130:81. Дури 10 кошаркари на Хјустон постигнаа двоцифрен број поени.
Оклахома го прегази Портланд со 128:94, а Расел Вестбрук запиша уште еден „трипл дабл“, од 17 поени, 10 скокови и 16 асистенции.
Феникс ја победи Минесота со 107:104, со тројката на Мирза Талетовиќ на 1,2 секунди до крајот на мечот. Триумфот над Минесота е само втор за Феникс во изминатите два месеци, а прв по 27.февруари.
Во другите средби Шарлот-Далас 96:107, Мајами-Денвер 124:119 и Вашингтон-Детроит 124:81.
За вечерва предивдени се 6 натпревари.