Фенер прв во 1/4 финале, Бамберг со тројка ги реши Олимпијакос

Loading

Во кошаркарската Евролига се одиграа 4 средби од 10 коло во ТОП 16 фазата.

bogdan-bogdanovic-fenerbahce

Тимот на Фенербахче извојува важна гостинска победа кај Локомотив Кубан, со 55:52, и на тој начин си обезбеди место во нокаут фазата.

Решавачки беа подобрата игра на турскиот претставник и грешките на руската екипа во последната четвртина. Перо Антиќ не играше ниту на оваа средба, поради повреда.

Кај Фенербахче Богдан Богдановиќ даде 17 поени, Датоме 10, додека кај поразениот тим се истакнаа Клавер и Дилејни, со по 12 поени.

Бамберг стигна до минимална победа во дуелот пред своите навивачи против Олимпијакос минимално со 72:71.

brose-baskets

Кошот за победа односно тројката ја постигна Јанис Стрелниекс во последните секунди. Со овој пораз Олимпијакос си ги намали шансите за пласман во четвртфиналето.

Во другите средби Цедевита-Уникаха 78-91 и Лаборал Куча-Кимки 98-83.

Вечерва 10 коло ќе се комплетира нови 4 дуели каде ќе се сретнат Жалгирис-Реал Мадрид, Дарушафака-Анадолу Ефес, Црвена Ѕвезда-Панатинаикос и во дербито Барселона ја пречекува ЦСКА Москва.