Легендарниот и неповторлив кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан донираше 9 милиони долари во хуманирани цели во градот Чикаго.
МЈ одбрал 23 хуманитарни организации во градот Чикаго и ја подари цела сума кој ја доби на суд.
Џордан во 2009 година покрена судска постапка против два прехранбени ланци поради неовластено користење на неговото име.
„Го сакам градот Чикаго, имам неверојатни спомени од годините кога бев таму. 23 хуманитарни организации кои ги одбрав подржуваат здравство и образование, а Чикаго многу ми даде и сакам на овој начин да им вратам на децата кои се негова иднина“, изјавил легендарниот МЈ-23.
Портпаролот на Мајкл Џордан истакна дека било забавно да се јавуваш на хуманитарните организации за да ги известиш за донациите.