Марија Шарапова и Симона Халеп го откажаа учеството на турнирот кој е загревање за Австралија Опен во Бризбејн.
Шарапова се одлучи да го откаже настапот како не би ризикувала поголема повреда, а русинката има повреда на левата подлактица кој го заработила на тренинг неколку дена пред турнирот.
Местото на петкратната освојувачка на турнирот го зазеде Маргарита Гаспаријан, а покрај Шарапова и Симона Халеп, која засега е второрангирана во свет веднаш по Серена Вилијамс, го откажа учеството поради болки во тетивата.
Халеп денеска требаше да игра против белорусинката Викторија Азаренка.