Во АБА лигата започнаа плејоф дуелите за влез во финалето на регионалното натпреварување.
Во првиот натпревар во Подгорица, лидерот Будучност неочекувано загуби од Мега Лекс со 85-81, па на следниот меч србите пред своите гледачи ќе пробаат да слават уште една победа и да се пласираат во финалето.
На средбата составот на Мега Лекс иако настапи ослабена без неколку повредени играчи, сепак успеа да направи „брејк“ против најдобро рангираната екипа во лигашкиот дел од сезоната.
Најефикасни во победничкиот состав беа Раде Загорац со 27 и Никола Јанковиќ кој постигна 14 поени.
Кај Будучност Џенкинс даде 26 поени, а Драгичевиќ 12 поени. Вториот натпревар овие екипи ќе го играат в сабота на 19 март во Сремска Митровица.
Вечерва во Белград својот прв полуфинален дуел ќе го играат Црвена Ѕвезда и Цедевита.
Инсерти од првиот натпревар помеѓу Будуќност и Мега Лекс…