Легендарниот фудбалер и тренер на Црвена Ѕвезда Роберт Просинечки даде интересно интервју во кое се присети на тие ситуации со цигарата во уста – додека играше за црвено-белите.
Тоа видео стана култ по титулата на Ѕвезда во Бари, кога Роби фрла цигара пред новинар, а Просинечки по 30 години вели:
– A да, децата ми го покажуваат тоа видео (се смее). И денес речиси сите пушат, но се кријат. Ако некој ве види како пушите или пиете, веднаш помислува дека не тренирате добро, дека не ви е гајле. Ова не е вистина. Живеев за фудбалот. Тоа што сакав да пушам или да пијам нешто овде-онде, нема врска со тоа колку сум дал на фудбалот – вели Просинечки за „portalnovost.com“ и додава:
– Во денешниот врвен спорт, тоа, како, не доаѓа во предвид. Роналдо е екстремен, ми се чини само програмиран, пази се што ќе стави во уста. Затоа, трае подолго, има помалку повреди, изгледа добро. Игра одлично, но има нешто роботизирано во тоа. Дури ми се чини дека неговата љубов е роботска. Но фудбалер е исто човек и добро е да се потсетиме на тоа – забележува Роби.