Дуелите меѓу Вест Хем и Тотенхем често беа во втор план поради навивачите кои знаеја да направат хаос.
Тоа не се случи долго време, но симпатизерите на двата клуба решија да ги „обноват“ пресметките.
Вест Хем во неделата го пречека Тотенхем на стадионот во Лондон и го совлада со 1:0, но англиските медиуми посветуваат големо внимание на тепачката меѓу навивачите на двата тима.
Судирите ги предизвикале симпатизери на Тотенхем, кои ја пробиле вратата која била бариера меѓу навивачите.
Британските медиуми објавија неколку шокантни снимки на кои навивачите се пресметуваат низ вратата и си задаваат удари.
Тепачката се случила точно на полувремето од мечот, а освен што удирале низ отворената врата, навивачите си фрлале и чаши со пиво и други предмети низ вратата…
West Ham & Tottenham fans today 😳😅
— Football Tipster (@Footy_Tipster) October 24, 2021