Фудбалерот на Гронинген, Сирил Нгонг, изведе мајсторија на натпреварот против АЗ Алкмар која сигурно ќе влезе во потесниот избор за наградата Пушкаш.
Гронинген славеше против Алкмар со резултат 2:0 во 10. коло од холандскиот шампионат, а натпреварот го одбележа спектакуларниот гол на белгискиот фудбалер.
По центаршутот на Ел Ханкури, Нгонг со популарниот „шкорпион“ го совлада голманот на гостинската екипа.
Фудбалерите на двата тима не можеа да им веруваат на своите очи.
Задолжително погледнете го ова ремек дело:
😍 Scorpion kick!! @fifacom, are you watching!? 🏆🦂 @cyrilngonge27 pic.twitter.com/JAgeY3QLQn
— ESPN NL (@ESPNnl) October 24, 2021