Легендарниот НБА кошаркар Чарлс Баркли откри интересни авантури од својата кариера.
Баркли призна дека претходно имал сериозен проблем со коцкањето и дека изгубил многу пари на покер.
“Возбудливо е да се освојуваат пари. Слушам како луѓето велат дека сакаат акција, но не. Јас всушност сакам пари. Секогаш е бесмислено кога губиш, но добро е кога победуваш”, рекол Баркли.
Тој откри дека порано играл на големи влогови, но дека веќе не го прави тоа.
„Она што успеав со коцкањето е тоа што го променив мојот менталитет. Не се обидувам да освојам многу пари, туку само се обидувам да победувам. Веројатно сум освоил милион долари во коцкање четири или пет пати на ден. Но, изгубив многу повеќе милиони во еден ден“, рече Чарлс.
„Најмалку 10-15 пати губев по милион долари дневно. Не сум сигурен точно, бидејќи зборуваме за осумдесеттите. Се разбира дека во еден момент отидов предалеку и престанав две години.
Баркли призна дека неговите пријатели му ги отвориле очите.
„Разговарав со моите пријатели и тие ми рекоа: „Коцкањето не е твој проблем, ти си само идиот“. Прашав што значи тоа и ми рекоа дека се со мене на иста маса и дека сум 500-600 илјади плус, но не сакав да се откажам затоа што сакав да земам барем милион долари“, открива легендата на НБА.