Дејан Станковиќ ја откри големата тајна за Ибрахимовиќ – Каков е Златан во вистинскиот живот?

Loading

Тренерот на Црвена Звезда Дејан Станковиќ даде обемно интервју за познатиот италијански портал „Тутомеркато“ во кое зборуваше за Црвена Звезда, ривалството со Партизан, Лацио, Интер, дуелот со Милан, но и пријателството со прославениот Швеѓанец Златан Ибрахимовиќ.

Станковиќ откри дека Златан приватно е потполно спротивно од се што луѓето можат да видат на ТВ екраните и социјалните мрежи.

“Ибра е сосема поинаков од она што го гледате на ТВ. Би рекол дека вистинскиот Златан Ибрахимовиќ е целосна спротивност. Вистинскиот Златан е скромен и срамежлив. Кога сме со пријателите, тој е резервиран. Можеби сега ја открив неговата тајна, но тој е таков, „да го намачкаш на леб“ “, рече Станковиќ.

Поранешниот ас на Интер истакнува дека славниот напаѓач има големо срце и дека неговите човечки вредности се голем плус за „росонерите“.

“Има огромно срце, верувајте ми. Неодамна наполни 40 години и ја користам оваа прилика повторно да му честитам. Задоволен сум што тој се уште е на теренот на оваа возраст и што се бори како лав. Неговите човечки квалитети се додадена вредност за Милан, тој на 40 -годишна возраст, знае што може да направи на теренот и балансира сам “, додаде Станковиќ.