Еден од најсилните луѓе во светот, Британецот Еди Хол, покажа дека има навистина разурнувачки удар.
„Ѕвeрот“ со месеци тренираше напорно за натпреварот против Хафтор Бјорнсон, попознат како „Планината од играта на тронови“, но септемвриската борба беше откажана поради повредата на Британецот.
Еди мораше да направи операција на левата рака во текот на летото, откако му пукна бицепс за време на тренингот. Сега полека се враќа и во 2022 година конечно можевме да ја видиме долгоочекуваната борба.
А каков удар има Хол, покажа на спортскиот фестивал Арнолд изминатиот викенд кога буквално ја расипа „крушата“.
Think @eddiehallWSM broke our machine @Facebook @instagram and @WhatsApp with that puch 🥊 #makeithappen #teambiosynergy #strongman pic.twitter.com/90E1NNeyjp
— Bio-Synergy (@Biosynergy) October 4, 2021
Разорно удри во машината, а таа веднаш се изгаси дури и не се вклучи повеќе …