Претстојниот викенд в недела на 8 август стартува новата 2021/22 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија.
Денес се одржа состанок помеѓу прволигашите и не се случија промени. Клубовите како составен дел ќе ги имаат задолжителните ПЦР тестови според протоколите усвоени од Комисијата за заразни болести.
Во првото коло, ќе се сретнат:
Академија Пандев – Струга Трим Лум
Работнички – Борец
Тиквеш – Шкендија
Ренова – Скопје
Брегалница – Шкупи и
Македонија ЃП – Пелистер.
Сите натпревари се играат со почеток во 17:30 часот. За потсетување ова е јубилејна 30 сезона во нашата најдобра фудбалска лига.