ВИДЕО: Ова се вика ТРАГИЧАР – Доби нокаут со топка во глава, а потоа не свесен си даде бизарен автогол!

Loading

Јужноамериканскиот фудбал е посебен сам по себе, со многу контроверзни ситуации, а една таква ни доаѓа од натпревар од Венецуелската лига помеѓу Ерманос Коленарес и Естудијантес де Мерида.

На почетокот на второто полувреме, по центаршутот од лево, Мајкл Ускатеги беше погоден во глава со силен удар, падна како покосен и остана да лежи во неговиот шеснаесетник.

Гостите не сакаа да ја прекинат играта, но ниту главниот судија на натпреварот, иако правилата го налагаат тоа бидејќи имаше повреда на главата.

Ускатеги остана легнат со рацете на лицето и свртен кон земјата, кога само седум или осум секунди подоцна го удри друг играч на Естудијантес.

Овој пат не го болеше, беше погоден во ногата, а топката нагло го смени правецот, го измами голманот по што топката заврши во мрежата …

Судиска грешка, недостаток на фер-игра од противникот, но погодокот беше признат, а Ускатеги се покажа како вистински трагичар …