Утре со почеток од 20 часот и 45 минути, Македонија на Арената Филип втори ја пречекува црвената фурија, фудбалска репрезентација на Шпанија.
Натпреварот е дел од квалификациите за пласман на Светското фудбалско првенство што догодина ќе се одржи во Русија.
Македонија како и на претходните средби е аутсајдер во овој дуел, со оглед на составот кој синоќа допатува во Скопје.
Шпанците денеска го одржаа и првиот тренинг на Филип Втори, а во Скопје дојдоа да ги освојат планираните три бода.
Од позвучните имиња во Скопје дојдоа, Де Хеа, Пике, Рамос, Иниеста, Силва, Коста, Мората, Монреал, Алкантара и други.
Македонија сепак нема да се предаде толку лесно на овој меч со Шпанија.
Се надеваме ќе прикажеме добра игра како против Италија и за првпат ќе освоиме бодови против силната Шпанија.