На Копа Америка 2016 во САД започна битката за влез во полуфиналето.
Синоќа се одигра првиот натпревар каде домаќините селекцијата на САД со 2-1 успеа да ја победи репрезентацијата на Еквадот и да се пласираа во полуфиналето на Копа Америка.
Херој на мечот беше 33-годишниот Клинт Демпси. Најпрво американците поведоа со голот во 22 минута со голот на Демпси, а истиот играч беше најзаслужен и за водството од 2-0 во 66 минута.
По неговиот удар одбиената топка во мрежата ја спроведе 24-годишниот крилен напаѓач на ЛА Галакси, Гизи Зардес.
Еквадор до крајот на мечот успеа само да го ублажи поразот со погодокот на Мајкл Аројо во 74 минута.
САД во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Аргентина и Венецуела.
Инсерти од мечот…