6 години затвор доби фудбалерот Адам Џонсон!

Loading

Фудбалерот на Сандерленд и поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон е осуден на казна затвор од 6 години, откако беше прогласен за виновен за секс со малолетничка.

AJohnson1

Џонсон за време на судскиот процес призна дека ја бакнал во уста 15 годишната тинејџерка, но го демантираше обвинението за орален секс, а во неговиот телефон биле пронајдени експлицитни фотки и пораки, кои што тој ги разменувал со девојчето.

Самиот Џонсон изразил желба да побара помош од психијатар, за да може да ги надмине неговите сексуални потреби, а исто така е обврзан да плати казна од 50 илјади фунти, и судските трошоци во висина од 60 илјади фунти.

AJohnson3

Па така со оваа пресуда кариерата на 28 годишниот фудбалер е завршена.